TENS

 Струјните импулси од TENS генераторот заемно интерферираат и ги блокираат нервните импулси на патот од рецепторите кон центрите за болка. Другата теорија е дека стимулаторот ја зголемува продукцијата на ендогените смирувачи на болка, ендогените аналгетици наречени ендорфини и енкефалини. Како и да е, едно е точно, стимулаторот функционира и ја остварува својата намена, смирување на болката.